Ќе се собира отпадно масло од домаќинствата

Употребеното масло не е за фрлање
21/07/2010
Во Охрид собрани 40-тина тони отпадно масло
12/12/2012

Во рамки на „Проектот за собирање на отпадни масла генерирани при подготовка на храна“ ќе се собира отпадно масло од домаќинствата. За таа цел, утре, во 12 часот , во големата сала на Општина Охрид , на околу 100 домаќинства ќе им бидат поделени по една пластична канта од по 3 литри.

Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло можат се јават во Општина Охрид Сектор за урбанизам и заштита на животната средина соба бр. 56 секој работен ден од 8 до 16 часот во период 14 ти до 25 ти декември .
Секторот за урбанизам и заштита на животната средина започна со реализација на проектот во 2009 година. Целта на реализацијата на овој проект е употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина .

Собирањето на отпадното масло започна во соработка со хотелите , рестораните , сендвичарите и други правни субјекти кои создаваат ваков вид на отпад. Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад.

Како резултат на реализацијата на овој проект од правните субјекти во период од половината на 2009г. заклучно со октомври 2012г се собрани околу 40 тони отпадно масло.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1