РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ
Во Мај 2017 година започна реализацијата на еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“ кој заеднички го спроведуваат овластената компанија за управување со отпадни масла и масти за јадење „Суниленс“ и Здружението „Љубезност“. Целта на проектот е зголемување на еколошката свест и практиките за селектирање и собирање на отпадно масло кај домаќинствата како и поддршка за социјално загрозените семејства.
Во рамките на „Рециклирај и донирај“ се собира отпадно масло за јадење од граѓаните, а притоа секој собирач има можност да направи донација до социјално загрозени семејства.
КАКО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“?
Приклучувањето во акцијата е лесно и едноставно бидејќи целиот процес е транспарентен и достапен преку социјалните мрежи, следнава контакт форма и телефонските броеви 070 264 444; 02/2650-100 и 02/2650-600.
Мобилната екипа на „Суниленс“ доставува 3 литарски пластични садови за безбедно и хигиенско собирање на отпадно масло директно до секој дом. Акцијата се спроведува низ цела Македонија и секој оној кој е заинтересиран е добредојден да се приклучи. Откога ќе се наполни садот, собирачот ја контактира компанијата која го испраќа својот тим да ја подигне собраната количина на отпадно масло и да достави нов чист сад за собирање. Како дополнителна мотивација за секој собирач, Суниленс доделува половина литар Дијамант сончогледово масло за јадење за секои собрани 3 литри отпадно масло. Секој собирач одлучува дали овој половина литар сончогледово масло за јадење ќе го задржи за себе или ќе го донира до социјално загрозени семејства преку Љубезност во рамките на „Рециклирај и донирај“.
Интересот за „Рециклирај и донирај“ е голем и од ден на ден бројот на заинтересирани граѓани кои се јавуват да се приклучат во новиот систем за собирање на отпадно масло континуирано расте.
„Суниленс“ и Здружението „Љубезност“ во Ноември 2017 година потпишаа и Договор за соработка за реализацијата на оваа долготрајна еко акција која ќе биде од бенефит за целото општество. Преку „Рециклирај и донирај“ се промовираат комплементарни хуманитарни и еколошки вредности кои ќе имаат за цел да ја зголемат еколошката свест и мотивацијата кај населението за значаен придонес кон општествено добро од еколошки и социјален карактер.
Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменски садови за собирање.
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања. Контактирајте не преку:
Податоците за контакт (лично име, адреса на живеење и контакт телефон) се добиваат со согласност на физичките лица вклучени во системот за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинства и во акцијата „Рециклирај и донирај“ за да се користат за реализација на целите на овој процес. Суниленс ги користи ваквите податоци исклучиво и само за евидентирање на количините на собраното отпадно масло од физичките лица во согласност со законските прописи.