Отворање на Европската недела за помалку отпад

НОВ СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ОД ДОМАЌИНСТВАТА – ЕВЕ КАКО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО ОВАА ЕКО АКЦИЈА
17/11/2017
Само 2 отсто од скопјани целосно селектираат отпад, 70 отсто сметаат дека треба
20/11/2017

Фото: Facebook

Денеска е официјалното отворање на Европската недела за помалку отпад, како и јавната дебата – Дали го селектираме отпадот во нашите домови.

Јавната дебата претставува дел од Гоу Грин проектот Од масло до енергија поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со овластената компанија за управување со отпадни масла за јадење Суниленс ДООЕЛ и здружението на граѓани Љубезност.

Од 20-ти до 26-ти ноември ќе се организираат стотици настани ширум Европа како дел од Европската недела за помалку отпад (EU Week for Waste Reduction). Европската недела за намалување на отпадот (EWWR) е иницијатива насочена кон промовирање на дијалог и активности за подигање на свеста за одржливо управување со ресурси и управување со отпадот која охрабрува широк спектар на учесници (јавни власти, приватни компании, граѓанско општество) и иницира нивно вклучување во програмата.

Bi.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1