ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА СОБИРАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО ОД ДОМАЌИНСТВАТА

Ќе се собираат кантите со отпадно масло од домаќинствата
13/05/2013
Охриѓани правилно го одлагаат искористеното масло за домаќинства
15/05/2013

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид од декември 2012г отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“ .

Со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина . Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад.

За таа цел Општина Охрид на 13.12.2012г на околу 100 домакинства подели по една пластична канта од по 3 литри.

Се молат домаќинствата кои ги добија овие канти и имаат собрано отпадно масло од приготвување на храна , без разлика дали е кантата полна или полупразна на 15.05.2013г (среда)од 12 до 14 часот да ги донесат истите на полигонот за мали спортови кај ресторанот Европа на ул. Партизанска ,за да ги заменат со празни .

,Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло, истиот ден, Општина Охрид на локацијата и терминот што се погоре спомнати ќе подели канти

ohrid.gov.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email