Беа Џонсон е пионерка на живеењето со нула отпад која веќе десет години со своето семејство прави по само една тегла ѓубре годишно. Во Скопје таа ја промовираше својата книга “Дом со нула отпад”, како дел од нејзината светска турнеја. Животот со нула би бил невозможен доколку таа не ги следела нејзините пет златни правила.
Во 2013 година, кога за првпат е издадена во САД, „Дом со нула отпад“ била единственото сеопфатно четиво за ѓубрето како фактор за (по)едноставен и исполнет живот. Оттогаш е преведена и адаптирана на над 20 јазици, а Беа Џонсон неуморно зборува за придобивките од живеењето со нула отпад и патува со својата тегла ѓубре низ целиот свет.
Нула отпад се појавува како реакција на потрошувачкото општество и негрижата за околината, а претставува одржлива алтернатива и за рециклирањето што кај нас се гледа како единствено решение за преполните контејнери и сеприсутниот отпад. Според националната стратегија за отпад на Република Македонија секој жител на град годишно фрла околу 350 килограми отпад, во руралните средини овој просек е околу 160 килограми.
Книгата “Дом со нула отпад“ е издание на „Виг Зеница“, а на македонски е преведена од Андријана Папиќ Манчева.
Јордан Дуков