„Рециклирај и донирај“: Екохуманитарен проект на „Суниленс“ и здружението „Љубезност“

Рециклирај и донирај: Еко-хуманитарен проект на Суниленс и Здружението Љубезност
29/11/2017
„Рециклирај и донирај“ – Еко-хуманитарен проект на Суниленс и Здружението Љубезност
29/11/2017

Зголемување на еколошката свест и практиките за селектирање и собирање отпад кај граѓаните, како и поддршка за социјално загрозените семејства е целта на екохуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“, кој заеднички го спроведуваат овластената компанија за управување со отпадни масла и масти за јадење „Суниленс“ и Здружението „Љубезност“.

Во рамките на „Рециклирај и донирај“ се собира отпадно масло за јадење од секое домаќинство кое е заинтересирано да се вклучи во овој нов екосистем, а притоа секој собирач има можност да направи донација до социјално загрозени семесјтва.

Според одредени анализи и статистички податоци се смета дека 20-30% од количините на растителните масла за јадење остануваат како отпадни масла. Проценките покажуваат дека на годишно ниво во Македонија се создаваат неколку илјади тони отпадно масло за јадење во прехранбената индустрија и домаќинствата. Отпадното масло е голем загадувач на животната средина. Само 1 литар отпадно масло може да загади до 1 милион литри вода.

Според истражувањето на „Гоу грин“, направено во рамки на одбележувањето на Европската недела за помалку отпад, само 2 проценти од скопјани целосно го селектираат отпадот, иако високи 70 отсто сметаат дека селектирањето е важно. Анкетата спроведена на 300 испитаници од Скопје, на возраст над 18 години, покажала дека само 5,7 отсто го фрлаат сметот во посебни контејнери за селекција на отпад, додека 87% го фрлаат ѓубрето на куп, без селекција. Истовремено, речиси половина од анкетираните сметаат дека немаат услови за селектирање, а 80 проценти се сооочуваат и со недостиг на контејнери за отпад.

„Сакаме да ја подигнеме еколошката свест преку создавање ефикасен и функционален систем за собирање отпадно масло за јадење од домаќинствата. Еколошките навики се градат со создавањеа услови за собирање на отпадот, лесно достапни до граѓаните. Токму тоа е нашиот концепт. Зашто да го фрламе отпадното масло во мијалникот и одводите? Граѓаните до сега немале каде да го селектираат и отстрануваат отпадното масло. Истото завршувало во одводните цевки и ја загадувало животната средина, а притоа правело и големи штети преку затнување на мијалниците. Сега за првпат имаат можност да се запознаат со еколошкиот бенефит од собирањето и рециклирањето на отпадното масло, да бидат мотивирани да го собираат и да се запознаат со штетите од него доколку не се одлага на правилен начин. Ние сега стартуваме со селекција и собирање отпад од домаќинствата, а во земјите во ЕУ 80% од населението го собира отпадот. Токму затоа преку „Рециклирај и донирај“ добиваме шанса да применуваме позитивни еколошки практики кои треба да станат дел од нашиот секојдневен живот и да придонесат да живееме во почиста околина, да покажеме одговорност кон нашето општество и да бидеме одличен пример за најмладите“, истакнуваат од „Суниленс“.

Нивната мобилна екипа доставува 3-литарски пластични садови за безбедно и хигиенско собирање отпадно масло директно до секое домаќинство. Акцијата се спроведува низ цела Македонија и секој оној кој е заинтересиран е добредојден да се приклучи.

Откога ќе се наполни садот, собирачот ја контактира компанијата која го испраќа својот тим да ја подигне собраната количина отпадно масло и да достави нов чист сад за собирање. Како дополнителна мотивација за секој собирач, „Суниленс“ доделува половина литар Дијамант сончогледово масло за јадење за секои собрани 3 литри отпадно масло. Секој собирач одлучува дали овој половина литар сончогледово масло за јадење ќе го задржи за себе или ќе го донира во рамките на екохуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“.

Од „Суниленс“ велат дека „Рециклирај и донирај“ наидува на одличен прием кај граѓаните од целата држава.

„Системот за управување со отпадни масла во прехранбената индустрија го развиваме уште од 2009 година, а оваа година го проширивме и во делот на отпадните масла за јадење во домаќинствата. Интересот за ‘Рециклирај и донирај’ е голем и од ден на ден бројот на заинтересирани граѓани кои се јавуват да се приклучат во новиот систем за собирање  отпадно масло постојано се зголемува. Целиот процес го направивме транспарентен и лесно достапен преку социјалните мрежи и нашите отворени телефони. Склучивме и договор за соработка со Здружението „Љубезност“, со кои ја почнавме реализацијата на оваа долготрајна екоиницијатива која ќе биде од бенефит за целото општество. Преку „Рециклирај и донирај“ се промовираат комплементарни хуманитарни и еколошки вредности кои ќе имаат за цел да ја зголемат свеста и мотивацијата кај населението за значаен придонес кон општествено добро од еколошки и социјален карактер“, изјави Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“.

Тој додаде дека првите количини на собрано отпадно масло за јадење „Суниленс“ веќе почна да ги подига од домовите на граѓаните, а со тоа почнаа да се акумулираат и количини на сончогледово масло, кое „Љубезност“ ќе го донира на социјално загрозените семејства во следниов период. Од „Суниленс“ и „Љубезност“ се надеваат дека оваа екоакција ќе резултира во масовно собирање на отпадно масло од домаќинствата и голема помош кон социјално загрозените семејства.

Граѓаните можат да се вклучат во оваа акција со јавување на телефонските броеви 02/2650-100, 02/2650-600 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт-формата достапна на следниот линк: sunilens.com.mk/kontakt .

Makfax

Вечер

PlusInfo

Sky.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email