Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид, денеска започна со собирње на искористено масло за домаќинства. Оваа активност е дел од пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата, што започна во декември 2012 година. За таа цел на околу 100 домаќинства во општината им беа доделении пластични канти од по 3 литри за собирање масло. Тие денеска го донесоа искористеното масло и добија нови празни канти.
-Денеска ја реализираме првата акција за празнење на кантичките со искористено масло, со што сакаме да ја запознаеме пошироката јавност со можноста за безбедно и правилно одлагање на ваквиот отпад, исткна Хавза Реџеп Каќел, од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид.
Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма „Суниленс“ која од Министерството за животна средина и просторно планирање има дозвола за собирање, складирање и третман на овој вид отпад.
Инаку, овој приклот проект кој Секторот за урбнизам и заштита на животната средина во соработка со „Суниленс“, го отпочна во 2009 година, во кој беа вклучени хотелите и рестораните во Охрид. До сега се собрани 43 тони отпадно масло.