Суниленс и Здружението Љубезност започнуваат соработка и заедничка еко иницијатива

Суниленс започнува еко акција за собирање на отпадни масла за јадење од домаќинствата
26/04/2017
ОТПАДНОТО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ВО ЕКОЛОШКИ И СОЦИЈАЛЕН ПОХОД
01/06/2017

На 27 Април започна соработката помеѓу Суниленс и Љубезност, здружение кое обезбедува поддршка преку донации за социјално загрозени семејства во Македонија.

Суниленс ќе донира 100 литри сончогледово масло за готвење, кои преку Љубезност ќе се искористат како помош за социјално загрозени семејства, додека дел од маслото ќе послужи и за готвење на храна од страна на Ретвитни оброк, која исто така ќе се донира.

Еко акција: Рециклирај и донирај

Преку еко иницијативата „Рециклирај и донирај“, Суниленс и Љубезност ќе му овозможат на секој граѓанин доколку посака да може да направи донација до социјално загрозени семејства преку собирање на отпадни масла за јадење.

Во тој поглед, сите домаќинства кои ќе се вклучат во оваа еко активност, ќе имаат можност за секои собрани 3 литри отпадно масло, половина литар Дијамант сончогледово масло за јадење кое Суниленс го доделува како награда за собирачите, да го донираат до социјално загрозени семејства преку посетите на Љубезност и за готвење на седмичните оброци од страна на Ретвитни оброк. На овој начин, ќе се промовираат комплементарни хуманитарни и еколошки вредности кои ќе имаат за цел да ја зголемат свеста и мотивацијата кај населението за значаен придонес кон општествено добро од социјален карактер.

„Многу ни е драго дека почнавме соработка со здружението Љубезност кое напорно работи за да им помогне на многу семејства на кои навистина им е потребна поддршка од секаков карактер. Се надеваме дека нашиот скромен придонес ќе им помогне на оние кои се социјално загрозени. Ние сме подготвени и за понатамошни донации преку Љубезност во иднина. Во поглед на нашата еко акција за собирање на отпадни масла, сигурни сме дека ваквата рамка која ќе им овозможи на граѓаните да направат донација  преку рециклирање на отпадни масла, ќе има позитивен ефект и ќе допре до многу домаќинства во Македонија. Се надеваме дека ваквиот пристап ќе овозможи масовна акција за рециклирање и голема помош кон социјално загрозените семејства,“ изјави Андреј Ѓокиќ од Суниленс.

„Многу ни е драго што отпочнуваме соработка со Суниленс, компанија која долги години опстојува во бизнис секторот и има одлични резултати. Среќни сме што подолго време ја следеле работата на нашето Здружение и донеле одлука да бидеме дел од нивната иницијатива за собирање на отпадни масла за јадење од домаќинствата. Со оваа еко-активност даваат голем придонес во зачувување на животната околина и зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Покрај тоа, нивната активност не завршува тука, туку одат еден чекор понатаму, да домаќинствата кои ќе одлучат да собираат отпадно масло ќе имаат можност за секои собрани 3 литри отпадно масло, половината литар Дијамант сончогледово масло за јадење добиено од Суниленс, да го насочат кон Здружението Љубезност кое ќе го подели на социјално загрозените семејства. Покрај оваа активност, Суниленс се обврза да донира свежо сончогледово масло до крајот на годината, со цел Љубезност да ги покрие посетите на социјално загрозените семејства и потребите за готвење на Ретвитни Оброк. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе вроди со плод и во иднина ќе ја продлабочиме соработката со Суниленс,“ изјави Тони Станковски од Љубезност.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за оваа еко иницијатива и да почнете да собирате отпадни масла за јадење, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

sunilens-logo-final

Суниленс Дооел е компанија која има 25 годишно искуство во трговијата со рафинирани растителни масла, индустриски маргарини, прехранбени суровини и полупроизводи во Македонија. Во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како прва овластена и лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија.

ljubeznost logo

Здружението Љубезност четврта година по ред работи на подобрување на животот на најсиромашните категории преку организирање на најразлични активности и настани, и иницирање на проекти со цел да им се помогне на бездомниците и социјално загрозените семејства и поединци.