ОТПАДНОТО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ВО ЕКОЛОШКИ И СОЦИЈАЛЕН ПОХОД

Суниленс и Здружението Љубезност започнуваат соработка и заедничка еко иницијатива
27/04/2017
Екологија, економија и хуманост – акција за собирање на употребеното масло за јадење
05/10/2017

„Рециклирај и донирај“ е насловена заедничка иницијатива на Здружението „Љубезност“ и компанијата „Суниленс“, чијашто цел е зголемување на еколошките вредности кај населението – преку масовна акција за собирање отпадно масло за јадење од домаќинствата, кое претставува потенцијален загадувач на сите екосистеми во природата.

Мобилна екипа доставува трилитарски пластични садови за безбедно и хигиенско собирање на отпадното масло директно до секое домаќинство што е заинтересирано за оваа екоакција, а за наполнет сад доделуваат половина литар сончогледово масло за јадење.

Граѓаните, во рамки на акцијата, добиеното масло можат да го донираат и до социјално загрозени семејства – преку здружението „Љубезност“, со цел подготовка на оброци од страна на „Ретвитни оброк“.

Акцијата #рециклирајидонирај е одлична можност да направиме значаен придонес во подобрување на социјалните и еколошките сегменти во нашето општество – вели Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“.

ИЗВОР: ЛИЦЕВЛИЦЕ
Датум на издавање: 1 Јуни, 2017

Уличното списание „Лице в лице“, функционира како социјално претпријатие, ангажирајќи луѓе како продавачи од најранливите категории на општеството, директно влијаејќи на нивното социјално и економско зајакнување.