Екологија, економија и хуманост – акција за собирање на употребеното масло за јадење

ОТПАДНОТО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ВО ЕКОЛОШКИ И СОЦИЈАЛЕН ПОХОД
01/06/2017
Од помфрит до загадена река: Апетитот ни ја уништува природата капка по капка
08/10/2017

Секое домаќинство што ќе собере три литри отпадно масло за јадење, ќе добие половина литар сончогледово масло со можност да го донира за социјално загрозените семејства, но и за готвење на седмичните оброци од „Ретвитни оброк“. Акцијата „Рециклирај и донирај“ заеднички ја спроведуваат невладината „ Љубезност“ и компанијата „Суниленс“. Првите им помагаат на сиромашните семејства, вторите пак со години работат во областа на собирање на веќе употребеното масло за јадење , кое потоа се преработува во биодизел гориво.

Како што појаснува Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“, несоодветното фрлање на отпадното масло носи низа еколошки проблеми.

„Отпадните масла за јадење се создаваат во големи количини секој ден и претставуваат голем еколошки проблем доколку не се собираат и третираат правилно. Поради несоодветното отстранување на овој вид на отпад, тој претставува најчест причинител за загадување на водата, почвата и на 1/4 од сите загадувања. На пример, само 1 литар отпадно масло може да загади до 1 милион литри вода. Повеќекратната употреба на маслата за јадење е штетна по нашето здравје, додека фрлањето на отпадните масла за јадење во водоводните и канализационите системи во 40% од случаите е причина за нивно затнување. Сето тоа повлекува еколошки и социо-економски проблеми во нашето општество“, појаснува Ѓокиќ.

Вклучувањето во акцијата е едноставно. Граѓаните можат да се пријават преку контакт формата на веб страна https://sunilens.com.mk/ или пак директно на нивните телефони (070 264 444 или на 02 2650 100). Потоа ќе им биде доставена кантичка за собирање на маслото од 3 литри, а нивна задача е да се јават кога таа ќе биде наполнета. Потоа сами одлучуваат, дали ќе го задржат добиеното половина литар масло за себе, или пак ќе го донираат за сиромашните.

„Процесот на собирање не е брз и бара трпение, а исто така зависи и од навиките на готвење на секое домаќинство. За нас е најважно домаќинствата да ја собираат секоја капка отпадно масло во нашите кантички и да не контактираат кога ќе им се наполни кантичката. Периодот за кој тоа ќе го направат не ни е важен бидејќи со зголемување на бројот на собирачи и масовноста на акцијата сигурни сме дека ќе имаме редовно собирање на отпадното масло“, вели Ѓокиќ кој се надева дека ваквиот пристап ќе овозможи масовна акција за рециклирање и голема помош кон социјално загрозените семејства.

Собраното отпадно масло потоа се носи надвор од земјава, во европските фабрики што произведуваат биодизел, кој важи за обновлив и одржлив извор на енергија што не содржи сулфур. Една од суровините од кои може да се произведе ова еколошко гориво се токму отпадните масла за јадење кои претходно биле неконтролирано фрлани во природата .

„Нашата крајна цел е преку собирањето и третманот на отпадно масло да креираме еко суровина која се користи за производство на биодизел и да ја заштитиме животната средина од непрописно фрлање на отпадните масла за јадење“, велат од Саниленс. Додаваат и дека ова е начин за со кој се зголемува продуктивноста на општеството, се намалува потребата за користење на комплетно нови ресурси и се овозможува подобро решавање на проблемите со недостатокот на ресурси кој се предвидува во иднина.

Првите количини на собрано отпадно масло за јадење, веќе се подигнуваат од домовите на граѓаните, а со тоа почна да се акумулираат и количини на свежо сончогледово масло, кое здруженитето „Љубезност“ ќе го донира на социјално загрозените семејства во следниов период.

Радио МОФ

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1