Нашиот тим одржа нова едукативна работилница за собирање и рециклирање на отпадно масло. Овој пат се дружевме со учениците од ОУ „Мирче Ацев“ кои ги запознавме со нашиот систем за управување со отпадно масло и еко-едукативниот проект #рециклирајидонирај.
Тие покажаа голема заинтересираност за оваа еколошка тема и поставуваа доста интересни прашања. Ваквата интеракција со најмладите не радува бидејќи само преку заеднички мотиви и иницијативи за чиста животна средина ќе успееме да креираме позитивни еколошки навики во нашето општество.
Училишната возраст е правото време за создавање и зајакнување на еколошката свест. Погледнете ја галеријата од настанот.