Денеска се собира стара хартија и отпадно масло од домаќинствата

ЌЕ СЕ СОБИРА ОТПАДНО МАСЛО И СТАРА ХАРТИЈА
02/06/2014
ТРЕТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДНО МАСЛО-НАРЕДНИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВААТ СО ИЗМЕНИ
04/06/2014

Во рамки на одбележување на „Неделата за заштита на животната средина“, денеска, во соработка со основните и средни училишта ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија.

Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија, тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до најблиското училиште. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива од 8 до 17 часот.

Во рамки на „Неделата на животната средина“, исто така денеска, се врши собирање на отпадно масло од домаќинствата.


Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид од декември 2012 година отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање и третман на овој вид отпад. За таа цел Општина Охрид на 13.12.2012 на околу 100 домаќинства подели по една пластична канта од по 3 литри. Се информираат домаќинствата кои ги добија овие канти и имаат собрано отпадно масло од приготвување на храна, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 4- ти јуни (среда) од 12 до 15 часот да ги донесат истите на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ на ул. „Партизанска“, за да ги заменат со празни. Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло,истиот ден, Општина Охрид на локацијата и терминот што се погоре спомнати ќе подели канти. За во иднина се известуваат домаќинствата кои поседуваат кантички дека нема повеќе да има вакви организирани годишни акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на СУНИЛЕНС и ќе им биде оставен контакт телефон на кој ќе може да се јават кога ќе имаат полна кантичка. Возило на СУНИЛЕНС секој петок доаѓа во Охрид и ќе биде во можност да ги собере полните кантички со отпадно масло и да бидат заменети со празни. – стои во соопштението на локалната самоуправа.

Целта на организирањето на „Неделата на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина, потенцираат од локалната самоуправа.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1