ЌЕ СЕ СОБИРА ОТПАДНО МАСЛО И СТАРА ХАРТИЈА

5 ЈУНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН СО ПОВЕЌЕ АКТИВНОСТИ
30/05/2014
Денеска се собира стара хартија и отпадно масло од домаќинствата
04/06/2014

Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна.

Се известуваат домаќинствата кои поседуваат кантички дека повеќе нема да има вакви организирани акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање и третман на овој вид отпад. Ќе им биде оставен контакт телефон на кој ќе можат да се јават кога ќе имаат полна кантичка. Возило на СУНИЛЕНС секој петок доаѓа во Охрид и ќе биде во можност да ги собере полните кантички со отпадно масло и да бидат заменети со празни.

Во соработка со основните и средните училишта од Охрид, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид , кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат во најблиското училиште. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 4ти јуни, од 8 до 17 часот.

ТВМ

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1