Доделување на благодарници до персоналот во градинките „Орце Николов“ и Корчагин“ за одличната еко соработка

„Рециклирај и донирај“ на Аларм за природата 2018
01/07/2018
ЕКО-ХУМАНИТАРЕН ПРОЕКТ „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“ – ВИДЕО ПРИЛОГ НА МРТВ
17/07/2018

На вчерашниот ден доделивме благодарници до воспитувачките во градинките „Орце Николов“ – Карпош и „Корчагин“ – Центар за активно учество и огромен придонес во реализацијата на проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење“.

Нивниот ангажман, ентузијазам и позитивна енергија во спроведување на пилот фазата од овој иновативен еко проект донесе одлични резултати. Едукативната еколошка програма за децата беше одлично спроведена, додека голем број на родители подигнаа кантички и веќе собираат отпадно масло. Од септември проектот продолжува и ќе се прошири во вкупно 11 градинки во Скопје кои имаат над 40 објекти.

Голема благодарност до наставничкиот кадар, директорките и педагозите кои покажаа дека проектот функционира и е од голем бенефит за нашето општество.