Еко презентации за отпадно масло во Македонски Брод, Делчево и Богданци

Совети како да готвите со растителни масла и притоа да не ја загадувате животната средина?
14/03/2018
Еко работилници со децата од градинката „Корчагин“ – видео прилог на МРТВ
30/03/2018

Нашиот тим продолжува со континуирана едукација на населението за еколошко постапување со отпадно масло. Досега реализиравме неколку едукативни презентации низ повеќе градови во Македонија. Презентиравме пред ученици и граѓани во Македонски Брод, во СОУ “Методи Митевски – Брицо” – Делчево, во ООУ „Кирил и Методиј“- Стојаково, СОУ „ Богданци“ и Дом на култура „Бранд Петрушев“- Богданци. Следниве теми беа покриени на овие настани:

  • Факти за штетните влијанија од неправилно отстранување на отпадно масло;
  • Позитивни практики и искуства од системот за управување со отпадно масло во прехранбената индустрија;
  • Еколошки и економски бенефити од рециклирање на отпадно масло;
  • Еко-хуманитарниот проект #рециклирајидонирај и новиот систем за собирање на отпадно масло од домаќинствата.

На секоја од овие презентации доделивме едукативни материјали и 3 литарски кантички за соодветно и хигиенско собирање на отпадно масло до присутните. Погледнете ја галеријата од настаните.

Богданци

Македонски Брод

Делчево