Ќе се собираат кантите со отпадно масло од домаќинствата

Акција за собирање отпаден зејтин во Охрид
13/05/2013
ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА СОБИРАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО ОД ДОМАЌИНСТВАТА
13/05/2013

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид од декември 2012 година отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина .

За таа цел, во декември беа доделени околу канти на околу 100 домаќинства . Се молат домаќинствата кои ги добија овие канти и имаат собрано отпадно масло од приготвување на храна , без разлика дали е кантата полна или полупразна на 15- ти мај, среда, од 12 до 14 часот да ги донесат истите на полигонот за мали спортови кај ресторанот Европа, за да ги заменат со празни .

Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло, истиот ден, на Полигонот за мали спортови, ќе бидат поделени дополнителен број канти.

Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1