Нови еко-едукативни работилници со децата од 11 градинки во Скопје преку проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење”

Панел дискусија: „Селектирај – Рециклирај – Редуцирај“
13/11/2018
Каде треба да заврши употребеното масло за јадење, одбележан денот на Зелениот појас – ЕКОБАЛАНС
16/11/2018

Еко-едукативниот проект “Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење” продолжува да ја гради свеста за позитивни еколошки навики кај децата од предшколска возраст.

Пилот проектот кој започна минатата година во Октомври во градинките “Орце Николов” и ”Корчагин” се прошири во сите детски градинки на територија на општините Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром или 11 централни градинки со вкупно 43 објекти. Во новата учебна година 2018/2019, преку оваа еко-едукативна програма околу 5000 деца од 4-6 години преку ликот на Петко ќе се запознаат со темата – отпадни масла за јадење, начинот на кој тие се селектираат, собираат и рециклираат и како овие еколошки практики ја заштитуваат животната средина.

Погледнете ја галеријата од едукативните активности кои континуирано се спроведуваат со децата од овие 11 градинки.