Се поголем број охриѓани правилно го третираат употребеното отпадно масло

ТРЕТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДНО МАСЛО-НАРЕДНИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВААТ СО ИЗМЕНИ
04/06/2014
АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ СТАРА ХАРТИЈА ВО ОХРИД
02/06/2015

Во рамки на „Неделата на животната средина“, денеска, на поранешниот мал полигон се вршеше собирање на отпадно масло од домаќинствата, а истовремено се делеа и нови празни канти.

Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при Општина Охрид од декември 2012 година отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање и третман на овој вид отпад. За таа цел Општина Охрид на 13.12.2012 на околу 100 домаќинства подели по една пластична канта од по 3 литри.

– По трет пат ја организираме оваа акција во Охрид и сме задоволни од одзивот на граѓаните. Нивниот број се зголемува, а се зголемува и и количината на собрано отпадно масло, велат од Суниленс.

Домаќинствата кои поседуваат канти се информираат дека во идниот период повеќе нема да се организираат вакви годишни акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на СУНИЛЕНС и ќе им биде оставен контакт телефон на кој ќе може да се јават кога ќе имаат полна кантичка. Возило на СУНИЛЕНС секој петок ќе доаѓа во Охрид и ќе биде во можност да ги собере полните кантички со отпадно масло и тие да бидат заменети со празни.

Во рамки на одбележување на „Неделата за заштита на животната средина“, денеска, во соработка со основните и средни училишта се организира и акција за собирање на стара хартија.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1