Скопјани се незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани

Само 2 отсто од скопјани целосно селектираат отпад, 70 отсто сметаат дека треба
20/11/2017
Отварање на Европската недела за помалку отпад – Јавна дебата: „Дали го селектираме отпадот во нашите домови?“
20/11/2017

Дури 80% од граѓаните е незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани, а 71% се сметаат за еколошки свесна личност. Педесет проценти од испитаниците велат дека граѓаните се одговорни за заштитата на животната средина, 28% дека е одговорна централната власт, а 11% се изјасниле дека за тоа се одговорни општините, покажало истражувањето на “Гоу грин”

Скопјани се незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани, но две третини од нив сметаат дека самите тие се еколошки свесна личност. Ова го покажало испитувањето на јавното мислење на скопјани од урбани и рурални општини што од 23 октомври до 4 ноември годинава го спроведе НВО “Гоу грин” – Биди зелен за селектирање на отпадот во 300 домаќинства со фокус на маслото за јадење од растително потекло.

– Дури 80% од граѓаните на Скопје се незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани, а 71% се сметаат за еколошки свесна личност. Педесет проценти од испитаниците велат дека граѓаните се одговорни за заштитата на животната средина, 28% дека е одговорна централната власт, а 11% се изјасниле дека за тоа се одговорни општините. Ова покажува граѓанска зрелост и незадоволство на граѓаните од своите сограѓани во однос на однесувањето во заштитата на животната средина – велат од “Гоу грин”.

Извештајот на 55 страници вчера беше презентиран на јавната дебата “Дали го селектираме отпадот во нашите домови” во ЕУ Инфо центарот во Скопје по повод почетокот на Европската недела за намалување на отпадот, а на која присуствуваше францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

– 88% од испитаниците го поддржуваат селектирањето на домашниот отпад, но само 2% целосно го селектираат, а 29% го селектираат делумно. Во однос на бариерите кои се јавуваат при селетирањето на отпадот во домаќинствата, 46% од испитаниците велат дека немаат услови за селектирање, 80% се соочуваат со недостаток на контејнери за селекција, а 42% веруваат дека иако има контејнери тие се полнат со секаков вид на отпад и тука има недоверба од граѓаните дека, доколку селектираат тој ќе заврши на исто место. Неинформираноста како да се селектира, како да се селектира и што се случува понатаму со тој отпад, се јавува како една од поважните бариери кај граѓаните да го селектираат – истакнаа од “Гоу грин”.

Заменик министерот Макрадули нагласи дека Владата ги поддржува активностите за различното третирање на отпадот кај нас и е подготвена да го демонстрира тоа преку сопствен пример.

– Владата ќе започне масовно третирање и селектирање на отпадот од аспект да се редуцира и повторно да се користи. Второ, ќе ги поддржи компаниите кои го рециклираат отпадот и тоа ќе придонесе кон тоа што е најгорлив проблем, а тоа е аерозагадувањето. Што помалку има вишок отпад што не се третира, поголема е шансата некој да го искористи за да го загади воздухот – рече Макрадули.

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние истакна дека третирањето на отпадот е мошне значајно за иднината на Македонија и за животот на граѓаните.

– Оваа проблематика се обидуваме да ја реализираме во соработка со француски општини. Имате среќа во Македонија бидејќи покасно се вклучувате во оваа работа, така што можете да го искористите искуството и да се вклучите со модерни решенија. Работиме на една физибилити студија за прочистителна станица за отпадни води за градот Скопје. Работиме и на начин како повторно да се третираат отпадоците, се работи за современо решение кое ќе му овозможи на градот Скопје да се издигне на ниво на најмодерните европски градови од оваа област – потенцира Тимоние.

Во одбележување на „Европската недела за помалку отпад“ се приклучи и компанијата „Суниленс“ со еко акција за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење. Тие доставуваат три литарски пластични садови за собирање отпадни масла до домовите на граѓаните и кога ќе биде наполнет садот доаѓаат да го испразнат при што подаруваат половина литар сончогледово масло.

Сакаат чист воздух, а за до работа не се откажуваат од автомобилот!

И покрај тоа што на 86% од испитаниците екологијата им е важна, повеќе од една третина (35%) преферираат да возат автомобил или друго сопствено моторно возило при одење на работа или при извршување на секојдневните обврски надвор од својот дом, покажало истражувањето на “Гоу грин”.

– Економската состојба влијае врз начинот на кој се транспортираат. Половина од испитаниците со семејни примања од 60.001 до 100.000 денари Секој ден возат автомобил, 10% со примања до 20.000 денари месечно користат автомобил. Автобус како превозно средство најмногу користат лица од руралните средини и лица постари од 60 години.

Велосипедот како превозно средство вели дека го користи заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, но смета дека возилата не се најголеми загадувачи на воздухот, туку користењето на недозволиви средства за греење на домовите.

(С.Бл.)

Вечер

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1