За една година од општина Охрид собрани 13 тони отпадно масло

Употребеното масло не е за фрлање
21/07/2010

Во рамки на Проектот за собирање на отпадни масла на територијата на Општина Охрид, што го реализира Секторот за урбанизам и заштита на животна средина при Општина Охрид за една година собрани се околу 13 тони искористено масло за јадење и отпадни машински масла.

Овој проект се реализира во соработка со фирмите „Суниленс“ од Скопје и „С-Игор“ од Кичево кои засега во нашиот регион се единствени овластени од Министерството за животна средина за собирање на отпадни масла.

Како резултат на взаемната соработка и склучените договори меѓу „Суниленс“ и охридските хотели, ресторани и сендвичари, заклучно со месец јуни собрани се околу осум тони искористено масло за јадење кое после одреден третман се користи како суровина за биогориво и се извезува во Австрија.

Како овластен собирач на отпадното масло од индустријата кое се третира како опасен отпад се јавува фирмата „С-Игор“ од Кичево која исто така има склучени договори со охридски фирми и која во изминатите шест месеци од територијата на Општина Охрид има собрано околу пет тони отпадни масла.

Задоволството од соработката изразуваат и фирмите откупувачи кои оперираат на територијата на општината.

– Сакаме посебно да истакнеме дека од страна на Општина Охрид-Секторот за урбанизам и заштита на животна средина добивме најголема поддршка која придонесе и количините на собраниот отпад за овој период на работа да биде во највисок пораст во однос на другите општини – истакнуваат од „Суниленс“.

Проектот за собирање на отпадни масла континуирано продолжува и Општина Охрид апелира до сите создавачи на отпадни масла согласно законските прописи да склучат договори со овластените откупувачи бидејќи овој отпад е голем загадувач на животната средина и неговото собирање е од исклучително значење за зачувување на чиста и здрава животна средина на подрачјето на охридска општина.

Проектот за собирање на отпадни масла започна да се реализира од 1-ви јули минатата година и според ефектите што се постигнати општина Охрид се посочува како пионер и пример во собирањето на отпадни масла на ниво на Македонија.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email