Македонски прегорен зејтин се продава во Австрија

Охридско Езеро ќе куртули од прегореното масло
26/05/2013
Денеска ќе се собираат кантите со отпадно масло од домаќинствата
30/10/2013

НАМЕСТО ВО KАНАЛИЗАЦИЈА, ИЗВОЗ ВО ЕУ

Фирмата „Суниленс“ пред четири години почна да го прибира прегореното масло од поголемите ресторани и хотели, неодамна почна да го собира од домаќинствата во Охрид, а наскоро ќе почне да го собира од скопските домаќинства

Некои од домаќинствата во Скопје наскоро ќе може да го предаваат прегорениот зејтин на фирма што има дозвола за собирање, складирање и преработка на овој вид неопасен отпад. Со тоа тие ќе ја исполнат својата законска обврска, според која, домаќинствата се должни да го селектираат отпадот пред да го предадат. Македонците, генерално, прегорениот зејтин го фрлаат в канализација, пред с`, затоа што општините с` уште не обезбедиле соодветна инфраструктура за одлагање на овој комунален отпад, кој е незгоден за собирање затоа што е течен и бара посебен сад.

Фирмата „Суниленс“ од пред четири години почна да го прибира прегореното масло за јадење од поголемите ресторани и хотели во Скопје и од другите градови и го извезува во Австрија каде што се преработува во биодизел. Во 2009 година собрале скромни 76 тони, во 2010 година 143 тони, во 2011 собрале 204 тони, а годинава планираат да стасаат до за нив оптимална бројка од 300 тони годишно. Оваа фирма неодамна почна да го собира зејтинот и од домаќинствата во Охрид, на иницијатива на Општината, која е прва во Македонија што спроведува ваков проект.

– Просечно собираме околу 20 тони прегорен зејтин месечно. Ова количество инаку би завршило во канализацијата каде што се фрла преостанатиот употребен зејтин, кој не се собира. Следен чекор ни е да го собираме и прегорениот зејтин од домаќинствата во Скопје. Сакаме да почнеме од населба каде што има згради оти е поедноставно. Kако собирачи, планираме да вработиме лица што израснале во домови за деца без родители и лица со посебни потреби, кои ќе носат препознатливи униформи – вели сопственикот на „Суниленс“, Синиша Ѓокиќ.

Фирмата на домаќинствата ќе им подели жолти канти каде што ќе го претураат употребеното масло, кои ќе се подигаат во одреден термин. Ѓокиќ вели дека немаат начин да ги обврзат граѓаните да ја прифатат новата обврска, но апелира на нивната совест.

– Секој создавач на отпад, според законот, е должен да го селектира и да го одлага на места предвидени за таа намена, па и домаќинствата. Ние не можеме да ги натераме граѓаните да соработуваат со нас, тоа ќе биде оставено на нивната добра волја. Прегорениот зејтин ги загадува реките, канцероген е, ги замастува цевките од канализацијата… Јасно е дека е многу подобро да се собира и да се преработува – вели Ѓокиќ.

Тој вели дека на рестораните и на сендвичарниците им го плаќа зејтинот при предавањето.

– Правилно е тие мене да ми плаќаат оти јас го собирам нивното ѓубре, но јас им плаќам ним оти имам нелојална конкуренција. Ако не им платам, ќе им го купат прекупците на сточна храна. За подобра исхрана на стоката, нивната храна се збогатува со нерафинирано масло, но кај нас кравите јадат сточна храна измешана со канцерогениот прегорен зејтин, што е страшно. Жално е што е така, но конкуренција ми се и многу ромски семејства, кои поради сиромаштија ги прибираат кантите со употребеното масло, си го процедуваат и готват со него – вели Ѓокиќ.

Според неговите пресметки, ако од еден литар остануваат 400 грама отпаден зејтин и ако секој Македонец троши по 10 литри годишно, за преработка може да се соберат околу 8.000 тони.

– Најмногу собираме во Скопје. Расте свеста, но треба уште да се работи на едукација на сите. Државата има начин да контролира каков зејтин се употребува во угостителските објекти, а зошто не го прави тоа, не знам. Пред неколку години Македонија доби донација од Германија – мерачи за маслото за јадење, кои беа како пенкала. Тие се потопуваат во маслото и читаат податоци за неговиот квалитет. Ако инспекциските служби ја користат оваа донација, лесно ќе утврди колку и каков зејтин троши еден угостителски објект – вели тој.

Дел од собраното гориво фирмата го користи за производство на биодизел за сопствени потреби.

– Имаме капацитет да произведуваме до три тони биодизел дневно, но с` уште не сме почнале помасовно затоа што кај нас не е најјасна регулативата во таа област. На нашиот биодизел ги грееме сите простории во фирмата – вели Ѓокиќ.

Некои сендвичарници не го менуваат маслото

Некои сендвичарници воопшто не го менуваат зејтинот во фритезите, вели сопственикот на „Суниленс“, Синиша Ѓокиќ. Но, според него, се работи за поединечни случаи, а најголем дел од угостителските објекти уредно му го предаваат.

– Во една позната скопска сендвичарница не сакаат да ни предаваат употребен зејтин со образложение дека немаат. Kога ги прашав како ги користат фритезите и како е можно да немаат отпадно масло, ми одговорија дека пржат на палмино масло, а кога количеството ќе се намали на половина фритеза, само ја дополнуваат. Замислете колку пати е прегорен тој зејтин и што јадеме? Помфрит или нешто друго? – вели Ѓокиќ.

Дневник

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1