Денеска ќе се собираат кантите со отпадно масло од домаќинствата

Македонски прегорен зејтин се продава во Австрија
28/05/2013
Се зголемува свеста на охриѓани за соодветно третирање на отпадното масло од готвењето
30/10/2013

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид од декември 2012 година отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. На крајот на минатата година, на околу 100 домаќинства им беа поделени по една пластична канта од по 3 литри.

Домаќинствата кои ги добија овие канти и имаат собрано отпадно масло од приготвување на храна, без разлика дали е кантата полна или полупразна, денеска од 12 до 15 часот ќе може да ги донесат истите на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ на ул. „Партизанска“, за да ги заменат со празни. Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло,истиот ден, и ним ќе им бидат доделени канти.

Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email