Поради успешната реализација на еко-едукативниот проект „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло“ оваа година се приклучија вкупно 11 градинки со 43 објекти од 4 општини во Скопје: Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Преку ликот на Петко над 4500 дечиња ќе се запознаат со еколошката тема – отпадни масла за јадење, додека нивните родители ќе имаат можност да им покажат како отпадното масло се собира во нивните домови преку вклучување во проектот „Рециклирај и донирај“.
Правилната едукација започнува од мали нозе. Погледнете го видео прилогот на МРТВ.