Ни беше задоволство да бидеме дел од најновите еко активности кои наставничките од градинката „Корчагин“ ги организираа за дечињата. Преку омилениот лик на децата Петко кој применува позитивни еколошки практики и ја заштитува природата, тие многу полесно се поистоветуваат со темата за отпадно масло и учат како тоа правилно да се отстранува и што се случува кога тоа се рециклира. Кога наставничките ги прашуваа децата што научија, тие даваа точни одговори и ги повторуваа сите важни еколошки аспекти за отпадното масло и како тоа треба да се собира од страна на родителите. Навистина, правилната едукација започнува од мали нозе. Погледнете го видео прилогот на МРТВ.