Собрани 1200 кг отпадно масло, продолжува акцијата „Рециклирај и донирај“

Собрани 1200 кг отпадно масло преку еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“
30/05/2018
„РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“ НА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС НА ТВ 24
06/06/2018

Собрани се 1200 килограми отпадно масло преку еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“, кој почна да се спроведува во мај  минатата година. Главната цел на новиот систем за собирање на отпадно масло од домаќинствата е да ги мотивира граѓаните да применуваат еколошки практики кои позитивно ќе влијаат на животната средина.

„Од мај 2017 година граѓаните во Македонија имаат можност да го собираат отпадното масло кое им останува при подготовка на храна во нашите 3 литарски кантички наменети за еколошко постапување со овој отпад. Откога ќе се наполни кантичката, домаќинствата не контактираат и нашиот тим ја подига собраната количина на отпадно масло и врши директна достава на нови и чисти садови до секој собирач. Притоа, за секои собрани 3 литри отпадно масло доделуваме 0,5 литри сончогледово масло како додатна мотивација за граѓаните. Секој собирач добиеното сончогледово масло може да го задржи за себе или да го донира преку здружението „Љубезност“ до социјално загрозени семејства во рамките на акцијата „Рециклирај и донирај“. Интересот кај граѓаните постојано расте и секојдневно добиваме нови активни собирачи на отпадно масло“, вели Андреј Ѓокиќ, менаџер во „Суниленс“, компанијата што го спроведува проектот.

Во акцијата се приклучени над 1100 домаќинства низ цела Македонија, а донирани се 100 литри масло за социјално загрозени семејства.  Со акцијата, наместо отпадното масло неконтролирано да се фрла во природата, тоа се собира и преработува во секундарна еко суровина, која понатаму се рециклира во еколошко биогориво.  Искористеното масло при готвењето кое се фрла во мијалникот или во одводните цевки може да предизвика затнување на канализационите системи, а кога се меша со комуналниот отпад се зголемува ризикот од негово протекување и загадување на почвата и водите.

Сите граѓани кои сакаат да се приклучат во акцијата „Рециклирај и донирај“ и да добијат соодветна кантичка за собирање на отпадно масло, треба да ја пополнат апликацијата или да се јават на телефоните 070 264 444; 02/2650-100 или 02/2650-600.

Радио МОФ

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1