Прегорените масла од кафеаните ја затнуваат канализацијата

Охрид собра 53 тони отпадно масло за јадење
31/10/2013
5 ЈУНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН СО ПОВЕЌЕ АКТИВНОСТИ
30/05/2014

Прегорените масла и разни остатоци од храна, кои вработените од кафеаните во Kапиштец ги фрлаат во шахтите, ја затнува фекалната канализација на станарите од висококатниците на „Народен фронт“. За овој проблем се пожалија граѓаните од Kапиштец на градоначалникот Kоце Трајановски, на последната средба во просториите на Општина Центар во минатата недела. Засегнатите станари посочија дека проблем со одводот имаат кулите и зградите од број 5 до број 35. Имајќи предвид дека проблемот е актуелен неколку години, а локалната власт од Центар не го решила, тие побараа помош од првиот човек на Скопје. Трајановски им вети дека во наредниот период контролите ќе бидат позасилени, а оние кои нема да се придржуваат кон законот – ќе бидат казнувани.

Жителите на Kапиштец за проблемот со канализацијата му објаснуваа и на директорот на „Водовод и канализација“, Стојан Србиноски, кој е надлежен за одржување на фекалната мрежа во градот.

– Ние имаме реален проблем со затнување на канализациите, пред с` поради испуштање прегорени масла во шахти. Тоа му беше предочено и на минатиот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, кој решението го најде во изградба на паралелна фекална мрежа за угостителските објекти. Им беше наложено да се приклучат на таа мрежа, но тие не го сторија тоа и затоа проблемот с` уште е актуелен – објасни претставник од урбаната заедница Kапиштец.

Директорот Србински ја потврди информацијата на граѓаните, велејќи дека ќе мора нешто да се стори.

– На кафеаните им беше наложено или да се приклучат на новоизградената мрежа или да вградат таканаречени маслофаќачи. Но, не го сторија тоа. Во шахтите испуштаат с` и сешто, не само прегорени масла – информира тој.

Градоначалникот Трајановски на службите од „Водовод“, своите редари и инспектори им наложи да реагираат во најскоро време и да го решат проблемот.

– Не може градската мрежа, која им користи на сите, да се оптоварува од некои кои прават личен профит. Состанете се со угостителите и договорете се како понатаму и кои се нивните начини за решавање на овој проблем, кој ја засега цела населба – посочи скопскиот градоначалник.

Угостителите се должни зејтинот да го предадат на овластена фирма

Отпадното масло фрлено во шахта или завршува во реката Вардар и го труе живиот свет или се стврднува и се таложи на ѕидовите на цевките, со што придонесува тие да се затнат. Според законските решенија за заштита на животната средина, испуштањето на отпадни масла во реки, во канализација или каде било во природата е забрането и казниво. Угостителите, односно рестораните, сендвичарниците, хотелите и другите поголеми создавачи на прегорен зејтин се должни да го собираат во посебни садови и да го предадат на фирма која е овластена да постапува со таков отпад. Во Македонија дозвола за собирање отпадни масла од угостителите има фирмата „Суниленс“, која редовно го зема отпадното масло од оние угостители што се согласиле на таква соработка. Фирмата потоа го извезува маслото во Австрија каде што се користи како суровина за производство на биодизел.

Јорданка Ивановска
Дневник

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email