Голема благодарност до сите граѓани кои се приклучија во новиот систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата и еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“. Првите резултати во поглед на собрано отпадно масло како и направени донации на сончогледово масло се следниве:
- Вкупно досега се приклучени над 730 домаќинства.
- Собрани количини на отпадно масло: над 400 кг.
- 29 домаќинства направија донации на сончогледово масло во рамките на „Рециклирај и донирај“. Некои од нив донираа 0,5 литри сончогледово масло повеќе пати при предавање на собраните количини на отпадно масло.
- Вкупно донации до сега: 21,5 лит. на сончогледово масло.