Совети како да готвите со растителни масла и притоа да не ја загадувате животната средина?

Еко работилници со децата од градинката „Орце Николов“ – видео прилог на МРТВ
08/02/2018
Еко презентации за отпадно масло во Македонски Брод, Делчево и Богданци
20/03/2018

Овој блог ќе ви помогне да зготвите вкусни оброци на лесен и ефикасен начин и притоа соодветно да го складирате отпадното масло кое ви останува при подготовка на храната.

Совет 1: Доколку храната ви е замрзната, не треба да ја ставите веднаш да се пржи. Oставете ја некое време да се одмрзне или за побрзо одмрзнување ставете ја да отстои во врела вода.

Совет 2: За почеток, кога пржите прво оставете го маслото да се загрее 1-2.5 минути (во зависност од самото тавче) пред да ја додадете храната. Така постои помала веројатност да ја загорите храната што ја приготвувате. Храната започнува да се пржи кога маслото ќе постигне температура помеѓу 177°C до 191°C.

Сите сакаме да подготвуваме вкусни деликатеси, но дали некогаш сме се запрашале како всушност маслото ја пржи самата храна?

Маслото ја дехидрира храната и кога истото ќе биде доволно загреано започнува да создава меурчиња околу храната. Тие меурчина се џебови со вода кои испаруваат од храната, се движат низ маслото и исчезнуваат во атмосферата. Кога маслото е ставено да се пржи на повисока температура, тогаш меурчињата почнуваат да излегуваат и да прскаат од тавчето, на тој начин многу побрзо ќе биде приготвен само надворешниот дел од храната (внатре може да остане пожива) и истиот ќе биде покрцкав.

Совет 3: За маслото да не прска при пржење – има неколку лесни трикови кои ќе ви помогнат повеќе да не се горите.

Совет 4: Со цел да спречите храната да стане однадвор цврста, а одвнатре жилава наш совет е да ја испоховате. На тој начин храната ќе биде многу повкусна, помека, зацрвенета и крцкава.

Зашто при пржење на пониска температура храната изгледа помасна?

Не се плашете, тоа не значи дека сме ставиле премногу масло за готвење па истата го апсорбирала. Дури и да сме ставиле повеќе масло за готвење во тавчето, храната ќе апсорбира онолку масло колку што и е потребно за да се приготви. Односно, количината на масло кое едно парче храна ја апсорбира е директно поврзано со количината на влага што излегува од храната како и со температурата на подготовка. Колку повисока температура на пржење, толку повеќе масло би апсорбирала храната.

Совет 5: Всушност при готвење на пониска температура храната во себе сеуште содржи влага измешана со масло. Затоа и при џваќање истата е посочна и помека. Затоа трудете се почесто да готвите на пониски температури.

Совет 6: Маслото со кое готвите треба има неутрален мирис за да не го промени вкусот на храната и нејзиниот мирис при подготовката. Рафинираното масло од кикирики е најпосакувано од познати готвачи за неутрален вкус на храната, со висока точка на чадење и низок процент на заситени масти. Маслото од канола е уште една добра опција. Дури можете да го користите и маслиновото масло ако готвите на доволно ниска температура. Кај нас голема примена во готвењето има и сончогледовото масло кое  содржи висок процент на незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е и други природни состојки.

Доколку сакате да дознаете повеќе за различните видови на масла за готвење и нивните карактеристики, кликнете овде.

Еколошки совет: Не заборавајте отпадното масло кое ви останува при пржењето, откако ќе се олади (најмалку 1 час), да го складирате во посебна амбалажа, односно да не го фрлате во мијалникот или тоалетниот одвод.

Со ваквите еколошки практики ја заштитувате природата од загадување и спречувате запушување на вашиот мијалник и канализационите системи. Со предавање на собраното отпадно масло на овластени компании за управување со овој тип на отпад придонесувате кон циркуларна економија, односно производство на обновлива енергија од отпадно масло. Исто така, при редовното менување на маслата за јадење знаеме дека храната е приготвена соодветно без непотребни штетни влијанија кои би биле присутни при повеќекратно користене на масла кои се веќе употребени и имаат темно кафеава боја и остар мирис.

Доколку сакате да дознаете повеќе како правилно да го собирате отпадното масло кое го создавате при подготовка на храната и како да се вклучите во системот за собирање на отпадно масло од домаќинствата, кликнете овде.

Се надеваме дека ви помогнавме со добри совети кои ќе ви послужат нареден пат да ја приготвите храната токму на начин како што вам ви одговара. Кога готвите не правете и други активности истовремено за да не ви загори храната и тавчето :).

Убав ден и пријатно готвење!